Пижами по 20 часот, присуство преку телепатија: Левица ја насмеа јавноста со предложените амандмани

Точка

02/12/2020

20:39

8.507

Големина на фонт

а а а

Денеска беа објавени дел од вкупно 3000 амандмани во Собранието кои беа поднесени од страна на опозициските партии со цел да ги блокираат предложените измени на Деловникот за онлајн работа на заразени и пратеници во изолација.

Меѓутоа, она што привлече големо внимание во јавноста се шеговитите амандмани на Левица, предложени од двајцата пратеници – Димитар Апасиев и Борислав Крмов. 

Амандманите на ВМРО-ДПМНЕ и на Алијанса и Алтернатива не биле во хумористичен стил, туку речиси сите исти, со разлика од некоја буква или знак.

Но, пратениците на Левица толку се внеле во работата што поднеле и соодветни образложенија за секој амандман. Сепак, останува мистерија дали сите 1.400 поднесени амандмани од Левица се различни и досетливи по истиот рецепт.

Во сличен стил, Левица поднесе голем број приговори до ДИК по парламентраните избори во јули. Во една прилика Апасиев изјави: „Кога системот е нефункционален ти си должен да си играш мајтап со него“.





Спонзорирани линкови

Маркетинг