Возач удрил во пешак и побегнал

Макфакс

02/12/2020

20:09

1.480

Големина на фонт

а а а

Вчера, во 19.15 часот било пријавено дека на булеварот 8 Септември во Скопје патничко возило удрило во пешакот С. З. (52) од Скопје и го напуштило местото на незгодата.

Пешакот добил тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Извршен бил увид на местото на незгодата од екипа на СВР Скопје.


Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти полицијата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг