Италијанец пешачел 400 километри за да си ја „разбистри главата“ по кавга со сопругата

Точка

02/12/2020

20:32

3.574

Големина на фонт

а а а

Италијанската полиција пресретнала маж кој пешачел 400 километри за да си ја „разбистри главата“ по кавга со неговата сопруга.

Мажот бил запрен од страна на полициска патрола рано во понеделникот во близина на Фано, централна Италија. Тој бил уморен и му било ладно, изјавил полицискиот службеник Антонио Скванци. 

На полицијата ѝ рекол дека се скарал со својата сопруга и на 22 ноември го напуштил заедничкиот дом во северната покраина Комо. Прво со воз се упатил кон Милано, а потоа започнал да пешачи. Неговата цел била да стигне до Апулија која се наоѓа на југот од земјата.


Местото Фано каде што бил запрен, се наоѓа на 379 километри од миланската главна железничка станица. Според „Google Maps“, тоа е пат кој со пешачење без паузи би бил изоден за 79 часа.

Полицијата го одвела мажот во хотел и ја повикала неговата сопруга која дошла да го „собере“.

Скванци ги негирал извештаите во медиумите дека полицијата му напишала казна за прекршување на националниот полициски час кој трае од 22 часот до 5 часот наутро.



Спонзорирани линкови

Маркетинг