Погледнете како забрзува новиот Golf GTD

Точка

02/12/2020

20:19

3.079

Големина на фонт

а а а

Оваа снимка посебно ќе им се допадне на љубителите на дизелот како погонско гориво кај автомобилите. Иако малкумина веруваа дека тешко ќе видиме GTD верзија кај осмата генерација на Golf, сепак во Европа и натаму има голем број на возачи кои сакаат моќен дизел автомобил.

Под хаубата на овој модел се наоѓа дволитарски четирицилиндаски турбо мотор кој развива 200 коњски сили и 420 Nm максимален обртен момент. Силата на предните тркала се пренесува преку седумстепенскиот DSG менувач, а на хартија, овој автомобил од 0 до 100 километри на час забрзува за 7,1 секунда, додека максималната брзина е ограничена на 245 километри на час.

Како тоа изгледа во реалноста, погледнете на видеото подолу.




Спонзорирани линкови

Маркетинг