Жената за која постои сомнеж дека го држела синот заробен речиси 30 години - пуштена на слобода

Точка

02/12/2020

20:09

867

Големина на фонт

а а а

Постара жена, за која постои сомнеж дека го држела синот затворен во стан во предградието на Стокхолм речиси 30 години, а која вчера била уапсена, е пуштена на слобода, соопштиле од канцеларијата на шведското обвинителство. Се наведува дека обвинението против неа и натаму е на сила, но дека е ослободена поради тоа што е проценето дека не може да влијае на истрагата.

Жената при апсењето негирала дека синот, кој сега има околу 40 години, го држела заробен во стан во предградието на Стокхолм, пренесува шведскиот јавен сервис CBT. 

Мажот во станот бил пронајден од неговата сестра, која од таму се преселила како тинејџерка, но и предупредувала на тоа дека тој би можел да биде заробен.

https://www.euronews.com/embed/1306402

Јавниот обвинител Ема Улсон навела дека обвиненијата против жената и натаму се на сила, но дека се изменети, по испитувањата на заробениот маж и дополнителни околности кои биле откриени во текот на истрагата.

"Проценив дека нема потреба за барање на нејзин притвор и таа е пуштена на слобода", навела Улсон.

Истакнала дека е проценето дека осомничената не може негативно да влијае на истрагата и дека во наредниот период истата ќе се сконцентрира на околностите кои се случиле претходно.




Спонзорирани линкови

Маркетинг