Џон Траволта им се заблагодари на обожавателите за поддршката по смртта на неговата сопруга: „Секогаш сакајте“

Точка

02/12/2020

19:36

3.874

Големина на фонт

а а а

Откако неговата сопруга Кели Престон почина по тешката борба со карцином на дојка, Џон Траволта преку емотивна порака им се заблагодари на фановите за големата поддршка во изминатите месеци.

Престон ја изгуби животната битка во јули оваа година, по 2-годишна борба со карциномот. Траволта не се огласуваше премногу често во изминатиот период, но кратко им се обрати на следбениците на социјалните мрежи по повод Денот на благодарноста. 

„Само сакам да му се заблагодарам на секој од вас за неверојатната поддршка оваа година. Среќен Ден на благодарноста и секогаш сакајте“, вели актерот во видеото на Инстаграм.

Џон и Кели беа во брак од 1991 година. Заедно имаат 3 деца – Ела, Бенџамин и првиот син Џет кој почина на 16-годишна возраст.

По смртта на Престон, Траволта изјавил дека неговата сопруга храбро се борела со тешката болест со поддршка од многу луѓе.


„Моето семејство и јас засекогаш ќе им бидеме благодарни на лекарите и медицинските сестри во сите медицински центри кои ѝ помагаа, како и на нејзините бројни пријатели кои беа покрај неа. Засекогаш ќе ги паметиме љубовта и животот на Кели“, рекол Траволта.



Спонзорирани линкови

Маркетинг