СМС ја среди короната, на располагање против „милионерите“

Макфакс

02/12/2020

17:39

1.260

Големина на фонт

а а а

Српскиот фудбалер од средниот ред, играчот на римски Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ, успешно оздраве од коронавирусот и му се стави на располагање на тренерот Симоне Инзаги за вечерашното гостување на „небесносините“ во Дортмунд кај Борусија во рамките на 5. коло од Лигата на шампионите.

Попупарниот СМС вирусот го „закачи“ додека ги извршуваше репрезентативните обврски поради што пропушти два меча во Серија А, како и дуелот со Зенит во елитното европско натпреварување.

Во групата на Лацио во ЛШ, пред одигрувањето на последното коло, Борусија е прва со 9 бода, Лацио втор со 8, па Клуб Бриж со 4 и Зенит последен со 1 бод.



Спонзорирани линкови

Маркетинг