„Каков го оставивме, таков и го начекавме“: Погледнете го трејлерот од новата сезона на „Преспав“

Точка

02/12/2020

17:10

8.075

Големина на фонт

а а а

Каков го оставивме, таков и го начекавме. Сплетки, интриги, љубовни заврзлами… и по некој турист. Нова сезона на „Преспав“ наскоро на МРТ1.

Серијата посветена на браќата Бузалевски и нивните авантури во пансинот „Преспав“ досега имаше 4 сезони, а на ред е новата, петта сезона.

Како што велат од тимот, пансионот „Преспав“ е метафора на реалните општествени случувања во нашата држава, во кои се прекршува балканскиот менталитет од кој ликовите не можат да избегаат. Ова е причина за многу конфликти и комични ситуации во кои ќе се препознае речиси секој.

Погледнете го првиот тизер трејлер, додека ги очекуваме новите епизоди.




Спонзорирани линкови

Маркетинг