10 најбрутални куќи во светот: Дали е можно луѓето да живеат во ова?

Точка

02/12/2020

16:17

3.897

Големина на фонт

а а а

Повеќето вакви куќи изгледаат како вселенски бродови, нешто што би требало да постои во иднина, а не сега...

10. Куќа Брутале

Во Бејрут е направена куќа во карпа. Буквално е 'избушена' карпа и во неа е вметната куќичката. Нејзината цена е 2.5 милиони долари и тоа кажува сè за неа.


9. Лоба куќа

Предворјето на куќата во Чиле е направена од бетон и се наоѓа над самиот океан и нуди неверојатен поглед.


8. НА куќа

Куќата од стакла или проѕирната куќа се наоѓа во Јапонија и во неа нема да имате приватност. Инспирацијата за дизајнерите било дрво.


7. Куќа Доктор Сус

На Алјаска се наоѓа сосема 'ненормална' куќа. Тоа е кула од куќи наредени една врз друга. Во неа сè уште никој не живее, но кога ќе се заврши, тоа ќе биде атракција која сигурно ќе има свои купци.


6. Пол куќа

Во Мелбурн, покрај автопат има куќа која остава без здив. Тоа е куќа што лебди над океанот. Погледот е фантастичен, а овој имот е една од најфотографираните куќи во Австралија.


5. Аркап куќа

Куќата брод или пловечката куќа се наоѓа на Флорида и претсатвува вистинско архитектонско чудо. Бидејќи има соларни панели и колектори за дожд кои прочистуваат, оваа куќа може сама себе да се одржува, а бидејќи може да се движи, можете со неа да пловите по океанот. Градежната фирма ветила дека секоја година ќе прави по три такви куќи за идните заинтересирани сопственици.

4. Антилија

Оваа куќа се наоѓа во Индија и е најскапата куќа на светот. Наменета е за живот на најбогатите семејства во Индија, содржи дури и храм, како и гаража со над 260 возила. Во неа можете да се смести и повеќечлен персонал.

3. Залада

Куќата на Бил Гејтс се наоѓа во Вашингтон и се градела 7 години. Технички е целосно опремена и во неа сè се подесува 'на копче' - од температурата на воздухот, до температурата на водата во куќата и во базените. Има 27 купатила, гостинска соба, гаража со 26 автомобили...

2. Резиденција на брдо

Куќата се наоѓа во Москва, Русија и е футуристички објект кој нема недостатоци и првично била наменета за руски богаташ и неговата девојка Наоми Кембел.



1. Лебдечки морски коњ

Куќа која се наоѓа над и под морето. Таа е дел од заедница на куќи лоцирани на вештачки остров во Дубаи.






Спонзорирани линкови

Маркетинг