Русија распоредува моќен ПВО систем на спорните острови во близина на Јапонија: Ќе реагира ли Токио?

Точка

02/12/2020

14:23

1.466

Големина на фонт

а а а

Русија ја постави најнапредната верзија на својот „С-300“ систем, помоќна и од „С-400“ на просторот на спорните Курилски острови во близина на Јапонија.

Руското министерство за одбрана во текот на вчерашниот ден потврди дека новата верзија на против-воздушниот систем „С-400“, верзијата „С-300В4“ е поставена на спорните острови во близина на Јапонија.

Според аналитичарите, ваквиот потег на Русија речиси сигурно ќе предизвика остри реакции во Токио. Имено, станува збор за Јужните Курилски острови, група на острови кои Советскиот Сојуз ги зазеде на крајот од Втората светска војна, а претходно Русите ги имаа загубено во војната со Јапонија во 1905-та година.

Територијалниот спор помеѓу Москва и Токио трае со децении, а двете земји немаат потпишано мировен договор.

„С-300В4“, конкретно е поставен на островот Итуруп, еден од четирите кои се наоѓаат под руска контрола.

„Противоздушните системи од краток домет веќе беа активни на овој простор, а сега пристигна и „тешка артилерија“ – големиот против-воздушен систем С-300В4“, стои во репортажата на рускиот телевизиски канал „Звезда“.

„С-300В4“ инаку е последната верзија на познатиот руски против-воздушен систем кој е произведен во 70-тите години од минатиот век. Во функција е од 2014-та година, а според експертите овој систем е помоќен од „С-400“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг