Другарот Ким: Објавена официјалната биографија на лидерот на Северна Кореја

Точка

02/12/2020

14:13

1.810

Големина на фонт

а а а

Ким Јонг Ун е трета генерација врховен лидер на Северна Кореја. Неговиот приватен живот секогаш е интересен за Западот, посебно бидејќи неговото детство и тинејџерските години се покриени со велот на мистеријата. Поради тоа не е чудно што новата биографија предизвикала голем интерес од медиумите.

"Револуционерната историја на другарот Ким Јонг Ун" е нова, официјална биографија на лидерот на Демократска народна република Кореја. Книгата е објавена на 75-годишнината од формирањето на владејачката Работничка партија на Кореја, пренесува "Sputnik". 

Биографијата на Ким ги покрива годините кои ги минал на Воениот универзитет Ким Ил Сунг во Пјонгјанг, но речиси воопшто не се занимава со неговиот престој во швајцарското училиште во 1996-та година и ужасната глад која ја погодила Северна Кореја.

Книгата, наведува "The Telegraph", не го опфаќа ни животот на мајката на Ким, Ко Јонг Хуи, за која се верува дека е родена во Јапонија во семејство Корејци и Јапонци. Севернокорејските медиуми никогаш не споменуваат дека Ко е родена во Јапонија поради системот кој ги третира Јапонците како непријатели.

"Секоја книга која е достапна во Северна Кореја ќе биде дел од режимската кампања за изградба на култ на личноста на врховниот лидер и неговото претставување како да е божество", рекол професорот од Универзитетот Васеда, Тошимицу Шигемура.

Ким Јонг Ун е роден на 8-ми јануари 1984-та година. Контролата над земјата ја наследил во 2011-та година, кога неговиот татко, Ким Јонг Ил, починал. Неговата помлада сестра Ким Јо Јонг често се споменува како потенцијален наследник.




Спонзорирани линкови

Маркетинг