Ужасната тактичка поставеност на Реал при првиот гол на Шахтјор служи за потсмев на интернет

Дерби

02/12/2020

13:31

2.250

Големина на фонт

а а а

Реал Мадрид не го искористи својот најдобар период од играта и пропушти неколку изгледни шанси во првото полувреме, епилог кој знаеше како да го казни Шахтјор Доњецк кој изрежира две спектакуларни и молскавични контри во вториот дел со кои го шокираше тимот на Зинедин Зидан.

Украинскиот тим постигна два гола од двете контри кои започнаа по напад на гостинскиот тим, со тоа што огромна дебата на социјалните мрежи предизвика ужасната тактичка поставеност на „кралевите“ при примениот прв гол.

Погодокот кој го постигна Дентињо во прв момент најмногу ја доведе во прашање одбраната на Реал Мадрид, или поточно Менди и Варан кои имаа неверојатно некоординирани реакции, но деталниот преглед на контрата ни открива дека играчите на Зидан ужасно се трансформираа од напад во одбрана.

Во моменти кога топката беше на левата страна, Крос, Одегард, Модриќ, Начо и Родриго беа речиси еден до друг на средина од игралиштето, ситуација која беше најава за катастрофалната реакција на играчите во потесната одбрана, по што пристигна голот на Дентињо.



Спонзорирани линкови

Маркетинг