Тренерот на Барселона во центарот на вниманието: Се повика тајм-аут, лутиот Јасикевичиус не им кажа ниту збор на играчите

Дерби

02/12/2020

13:27

1.832

Големина на фонт

а а а

Барселона до минатата седмица беше во извонредна серија од осум победи во низа за да потоа неочекувано се сруши во Франција кај Асвел во Евролигата губејќи со 80-68.

Ова се сметаше дека е лош ден за каталонците и дека дербито со Валенсија во АЦБ лигата е перфектен натпревар за да се одговори, но наместо тоа каталонците беа поразени во „Палау Блауграна“ со 100-90.

Домаќините не можеа да наметнат ритам, да бидат свои, да покажат дека се поквалитетни од противникот, а тоа дефинитивно донесе нервоза и фрустрација кај тренерот Шарунас Јасикевичиус кој во последниот период имаше еден од најчудните тајм-аути во историјата.

Литванецот не им кажа ниту збор на играчите, се тргна на страна и ги остави сами да се договорот, да сфатат што е проблемот. По средбата Шарас кратко и јасно се обиде да го објасни тој негов потег.

- Тешко е да се влезе во тајм-аут кога се што кажуваш, се прави спротивното. Излегувам и преземам одговорност да го подготвам тимот тактички и психички, ама денеска не можам, - истакна Јасикевичиус.



Спонзорирани линкови

Маркетинг