Трамп најави можна кандидатура за изборите во 2024 година

Макфакс

02/12/2020

10:34

512

Големина на фонт

а а а

Доналд Трамп најави можна нова кандидатура за претседател на САД во 2024 година, пренесува агенцијата „Асошиејтед прес“.

„Поминаа неверојатни четири години. Се обидуваме да имаме уште четири години. Во спротивно, ќе се видиме за четири години“, им рече Трамп на собраните на приемот во Белата куќа.

Снимка од обраќањето на Трамп беше објавена во живо на социјалните мрежи од еден од гостите.

Видеото покажува десетици собрани во салата на Белата куќа. Многумина од нив не носат заштитни маски, со што ги прекршиле упатствата на американската влада издадени поради епидемијата на Ковид-19.



Спонзорирани линкови

Маркетинг