Нова кулинарска приказна во Скопје - Амигос Љубљанска

Точка

02/12/2020

09:59

5.724

Големина на фонт

а а а

Оваа сабота во Skopje City Mall се отвори нов модерен и современ ресторан, Амигос Љубљанска. Уникатен и различен концепт, со врвна понуда на храна, кој му недостасуваше на нашиот град.

Приказната за Амигос започна во 2006 година кога во срцето на Скопје се отвори првиот автентичен и традиционален Мексикански ресторан на улица Македонија и после 14 години, сеуште е еден од најпосетуваните локали во Скопје. Денес, Амигос може да го најдеме на 2 локации и со 2 сосема различни понуди на храна.

Мексиканските класици како Бурито, Кесадија и Фахита остануваат за љубителите на тортиљи, но Амигос Љубљанска ни претставува уште многу нови, вкусни специјалитети кои не можеме да ги најдеме на друго место во градот. Секој специјалитет во менито, како и секој детал во ресторанот има своја уникатна приказна. Врвната кујнска опрема, и тимот на модерни готвачи ќе ви овозможат да искусите нови вкусови и искуства.

Амигос Љубљанска изобилува со уметност и ексцентричност. Чест ни е да гледаме прекрасни дела од нашите творци, а Амигос Љубљанска е изграден како една уметничка галерија со уникатните дела на добро познатиот уметник Мирослав Масин.

Skopje City Mall конечно се здоби со еден прекрасен локал кој ќе им понуди на посетитлите едно уникатно кулинарско искуство.

Амигос Љубљанска ги следи најстрогите мерки и критериуми за хигиена во локалот со цел да ви овозможи безгрижен и безбеден оброк.


Комерцијален текст



Спонзорирани линкови

Маркетинг