Вооружена банда заземала цел град: Упаднале во банка па ги тероризирале мештаните цела вечер

Точка

01/12/2020

21:11

2.931

Големина на фонт

а а а

Десетина криминалци вооружени со автоматски пушки вчера го заземале градот Крисиума на југот на Бразил, а упаднале и во локална банка.

Видеото, кое го снимиле мештани, ги покажува напаѓачите со качулки, облечени во црно, како одат по улиците на Крисиума во бразилската држава Санта Катарина, и како држат луѓе како заложници. Се слушнале истрели ширум градот со околу 220.000 жители. 

Имало најмалку 30 криминалци во 10 возила, рекол шефот на полициското одделение за кражби и киднапирање Анселмо Круз.

Тие ги блокирале приодните патишта на градот за да спречат брзо доаѓање на полициските засилувања.

"Ова беше акција без преседан во оваа држава. Никогаш не се случило нешто од овие размери и овој степен на насилство", рекол Круз.

Акцијата почнала на полноќ и траела околу два часа. Имало расфрлани пари секаде на земја во еден дел од градот.

Полицијата подоцна го пронашла возилото на напаѓачите во соседниот град, рекол Круз.

Државната Банка на Бразил соопштила дека нивната филијала во Крисуама ќе остане затворена и не дава информации за количината на украдените пари.




Спонзорирани линкови

Маркетинг