Откриени детали: Соработник на Орбан бил на геј забава за време на локдаунот во Брисел

Точка

01/12/2020

18:38

2.544

Големина на фонт

а а а

Еден од најистакнатите лица во унгарската владејачка партија, Фидеш Јозеф Сајер, кој во неделата одненадеж поднел оставка на местото пратеник во Европскиот парламент, денеска потврдил дека учествувал на геј забава за време на локдаунот во Брисел.

Сајер во соопштението рекол дека ги прекршил белгиските мерки против пандемијата на коронавирусот и му се извинил на своето семејство, колеги и гласачи. 

Дваесетина луѓе, вклучувајќи го и Сајер и засега непознати дипломати, биле парично казнети поради тоа што во петокот навечер биле на приватна забава на која имало секс, дрога и алкохол.

Два дена подоцна Сајер дал изненадна оставка во Европскиот парламент, за кој бил избиран четири пати.

Сајер е еден од најблиските соработници на унгарскиот премиер Орбан. Бил член на советот кој го подготвувал нацртот на новиот устав од 2012-та година.

Кон крајот на 90-тите студирал во Оксфорд како стипендист на организациите на Џорџ Сорос, кого сега заедно со Орбан го обвинуваат за поткопување на традиционалните вредности на унгарското општество.

Според пишувањето на белгиските медиуми, спорната забава се случила во петокот навечер за време на полициски час, кој во главниот град на Белгија започнува во 22 часот и трае до 6 часот наутро.

Забавата била организирана на првиот кат на зградата над геј барот Ле Детур, во самиот центар на Брисел.

Кога полицијата упаднала, неколку учесници биле голи, а еден се обидел да побегне и притоа се повредил.




Спонзорирани линкови

Маркетинг