Фотографија која го обиколи светот: Лекарот прегрнал расплакан ковид пациент

Точка

01/12/2020

18:08

3.574

Големина на фонт

а а а

Џозеф Варон, лекарот кој згрижува пациенти заболени од коронавирус во една тексашка болница, работел 252 дена по ред кога во единицата за интензивна нега здогледал расплакан постар маж.

Утешната прегратка на Варон за стариот маж на Денот на благодарноста ја снимил фотограф за "Getty Images" и фотографијата станала вирална ширум светот. 

Варон, шеф на персоналот на Обединетиот меморијален медицински центар во Хјустон, за "CNN" рекол дека на влезот во единицата за интензива нега видел постар пациент кој "се обидувал да стане од својот кревет и да излезе од собата".

"Видов дека плаче", рекол Варон. "Му се доближив и го прашав: Зошто плачеш?"

"А човекот вели: “Сакам да бидам со сопругата". Потоа едноставно го зграбив и го прегрнав", рекол Варон.

"На крајот се чувствуваше подобро и престана да плаче", рекол Варон за "CNN".

"Не знам зошто досега се немам скршено", рекол лекарот. "Моите сестри плачат насред ден".

Варон рекол дека изолацијата во единицата за интензивна нега за ковид-19 е тешка за многу пациенти, посебно за постарите лица.

"Можете да замислите", рекол тој. "Се наоѓате внатре во соба во која луѓето влегуваат со скафандери".

"Кога сте постаро лице, многу е потешко, бидејќи сте сами", рекол тој.

"Некои од нив плачат, некои се обидуваат да побегнат", додал Варон.

Варон рекол и дека човекот од фотографијата се чувствува подобро и додал дека се надева дека ќе излезе од болница пред крајот на неделата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг