"Беше ужасно, луѓето врискаа и плачеа низ градот": Хрватка открила најнови детали од хоророт во Германија

Точка

01/12/2020

17:17

7.442

Големина на фонт

а а а

На лице место имало голем број на амбулантни возила и припадници на полицијата, а целиот дел од градот е затворен.

"Беше ужасно, луѓето врискаа и плачеа низ градот. Сив автомобил се залета во луѓето, на место каде што требаше да има божиќен саем, но за среќа беше откажан. Луѓето од ударот одлетаа во воздухот", рекла Хрватката Кара Главач, која се нашла во ужасот во германски Трир, во кој животот го загубиле најмалку четири лица. 

Страшниот инцидент се случил нешто пред 15 часот, а повредени биле 15 луѓе.

Германските медиуми јавуваат дека меѓу жртвите има и едно дете, а полицијата потврдила дека го привела осомничениот возач. Станува збор за маж на возраст од 51 година.

Деталите за оваа несреќа, барем засега, не се познати. Во овој момент полицијата не го води ова како терористички напад.

На лице место има голем број на амбуланти возила и припадници на полицијата, а целиот дел од градот е затворен.

"Во училиштето во близина го активираа антитерористичкиот систем, луѓето се во шок. Според последните информации најмалку две лица починале, но судејќи по се ќе бидат повеќе. Полицијата веднаш затвори се, ништо не работи", додала Клара.




Спонзорирани линкови

Маркетинг