Хамилтон ја пропушта трката за Големата награда на Шакир, Мерцедес тактизира кој ќе го замени

Дерби

01/12/2020

16:54

647

Големина на фонт

а а а

Старо-новиот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон нема да се појави на трката за Големата награда на Шакир откако неговите последни тестови на Ковид-19 биле позитивни, а самиот пилот појавил и симптоми на коронавирусот.

Како што објави Мерцедес, Хамилтон три пати бил тестиран минатата недела и на сите тестирања бил негативен.

Сепак во текот на вчерашниот ден тој почувствувал симптоми на вирусот и веднаш бил информиран дека еден од тестовите сепак е позитивен. Хамилтон направил уште еден тест и тој испаднал позитивен по што тој веднаш се ставил во изолација во Бахреин.

Од Мерцедес јавуваат дека Хамилтон се чувствува добро и дека има само некои поблаги симптоми.

Британецот е третиот пилот од Формула 1 кој ќе пропушти трка поради позитивен наод на Ковид-19. Претходно трки пропуштаа и Серхио Перез и Ленс Строл.

Од Мерцедес се уште не одлучиле кој ќе го замени седумкратниот светски шампион во болидот за трката во Бахреин, но се верувам дека тоа ќе биде Стофел Вандорн кој е резервен возач на тимот и кој се очекува да пристигне во Бахреин.

Инаку, Хамилтон треба да приложи негативен тест за да му биде дозволено да се врати на патеката што значи дека неговото учество и на последната трка од сезоната во Абу Даби е ставено под голем знак прашалник.



Спонзорирани линкови

Маркетинг