Проф. д-р Анѓелко Ѓорчев за Точка: „Ние сме на топ листите во светот по број на починати според бројот на населението“

Точка

01/12/2020

23:53

4.464

Големина на фонт

а а а

Пандемијата на коронавирусот во земјава постојано покажува поразителни резултати, а ова го тврдат и врвните доктори на нашите простори.

Токму на таа тема поразговаравме со проф. д-р Анѓелко Ѓорчев, специјалист по пулмологија и алергологија. Тој е разочаран од начинот на кој се справуваме со пандемијата. Неговите статистички податоци велат дека во земјава секој втор или трет доктор е заболен од Ковид-19, а тоа е првичен показател за (не)успешно справување од пандемијата.

Како главен проблем со кој се соочуваме, го истакнува несоодветниот или непостоечкиот протокол и критериум за работа кај матичните доктори.

80 пациенти заболени од Ковид-19 не стигнале да отидат во болница, поради неунифицираните протоколи - кога некој пациент треба да се испрати во болница, посочува проф. д-р Ѓорчев.

Заштитните маски исто така беа наша тема на разговор. Иако се појавија многу теории дека заштитните маски го нарушуваат целокупното здравје на човекот, Ѓорчев категорично го отфрла тоа.

Погледнете ја целата изјава во видеото.

Новинар: Цеце Николова
Видео и монтажа: Ненад Смиљковиќ


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk