Полициска рација откри геј оргија на 25 мажи во бриселски клуб, меѓу нив и европарламентарец!

Точка

01/12/2020

18:10

6.073

Големина на фонт

а а а

Белгиската полиција минатиот петок во рамките на борбата против прекршување на епидемиолошките мерки упаднала во подрум на клуб каде била откриена оргија на 25 мажи, пренесува “La Dernier Heure”.

Во подрумот на ЛГБТ барот кој бил затворен поради рестриктивните мерки, минатиот петок се одржувала забава на која присуствувале 25 мажи. Во моментите кога упаднале полицајците, затекнале голи мажи, а била пронајдена и поголема количина на илегални опијати.

Како што пренесуваат белгиските медиуми, во оргијата учествувале бројни дипломати, а меѓу нив имало и пратеник од Европскиот парламент чиј идентитет се уште не ѝ е познат на јавноста. Од друга страна, холандскиот портал “Het Laatse Niews” тврди дека станува збор за унгарски европарламентарец од партијата „Фидес“ на унгарскиот премиер Виктор Орбан.


Покрај тоа, белгиските медиуми дознале дека за време на рацијата на полицијата, европарламентарецот се обидел да побегне, а откако бил фатен од полицијата и приведен поради прекршување на епидемиолошките мерки, тој одлучил да се повика на својот пратенички имунитет.

Според последните информации, сите учесници на геј илегалната забава ќе се соочат со казни поради прекршување на рестриктивните мерки, а некои ќе се товарат и за поседување на дрога.




Спонзорирани линкови

Маркетинг