Епидемиологот Даниловски: Се плашам дека славите ќе донесат нови ризици...

Точка

01/12/2020

14:05

2.412

Големина на фонт

а а а

Според епидемиологот Драган Даниловски, засега на земјава не ѝ се заканува преоптоварување на здравствениот систем, но останува прашањето до кога ќе биде така, затоа што народот нема совест, а властите не следат кој ги почитува протоколите.

Даниловски во разговор во „Студио 10“ на „ТВ24“ апелираше до граѓаните, славите и чествувањата кои доаѓаат да бидат со високо ниво на свест.

„ Стагнира бројот на хоспитализирани, претрупување на здравствениот систем не ни се заканува, но прашање е до кога тоа ќе е така. Се надевам дека од средината на декември ќе има значаен тренд на опаѓање на бројките. Народот кај нас е тој што е, постои отсуство на совест, на сочувство. Имам впечаток дека контролата на протоколите не се извршува, сведоци сме на собиранки, полни кафулиња, не може преку ноќ да се смени кај младите луѓе, долгорочен проблем. Се плашам дека тоа што следуваат славите ќе донесе нови ризици, апелирам тие чествувања да бидат со високо ниво на свест, но и црковните влати повикаа дека во црква треба да се влезе со маска. 846 умрени на 1 милиони жители е денешната бројка, но тој просек ќе се одржува сигурно до крајот на декември. Се прашуваме дали можеме нешто дополнително да сториме за тој број да се намали, и на позитивни, и на починати“, изјави доктор Данаиловски.




Спонзорирани линкови

Маркетинг