„Исели се на друга планета“! Мајка го замолила синот да повнимава на вишните, па го разбудила експлозија

Точка

01/12/2020

12:08

4.134

Големина на фонт

а а а

Фотографиите од уништената кујна во Србија го обиколија Балканот, а твитерџиите имаат само еден совет - бегај од дома додека не се вратила мајка ти.

Имено, еден твитерџија кој се потпишува како 'vinjakknezzz' споделил фотографии од кујната, откако мајка му го замолила да внимава на вишните додека се варат.

„Мајка ми ми рече да припазам на некои вишни додека таа појде накратко до кај соседката на кафе. Само ќе ви кажам дека ме разбуди експлозија. Што да правам сега? Ова е лепливо, а се појавија и мравки“, напишало момчето на Твитер.

„Исчисти и кажи ѝ дека сонувала дека варела вишни“, „А кога ќе дојде мајка ти...“, „Искрено јас би се иселил на некоја друга планета“, се само дел од коментарите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг