Како двајца странци кои што воделе љубов во соседната соба го инспирирале Леонард Коен од поет да стане музичар

Точка

01/12/2020

12:20

2.514

Големина на фонт

а а а

„Мислам дека ќе ги отпеам и снимам моите песни“, изјавил Коен. „Немој, те молам“, му одговорила таа.

Леонард Коен бил неконвенционален уметник. Својата кариера ја започнл како поет и романописец и бил многу ценет. Кога имал само 33 години, Коен неубеден во силата на својата порака, изразениот пишан збор, одлучил да ја остави книжевноста зад себе и да се обиде да влезе во светот на музиката и пишувањето текстови.

Дека треба да тргнат по патот на својот талент, некои уметници отсекогаш знаат, на другите тоа им „доаѓа во сон“, на трети додека се на концерт или пак некоја свирка. Но, не и на Коен.


Кога во текот на 1965-та година почнал да живее боемски живот кој што секогаш го ценел, Коен бил ценет поет. Парите и стипендиите му овозможиле да патува низ светот, да го истражува и да пишува за него. Сепак, на крајот местото каде што го нашол неговиот спокој била Канада - таму сфатил дека музиката е иднината.

Додека бил во Торонто, во хотелот „Крал Едвард“, Коен свирел на својата усна хармоника, обидувајќи се да создаде нови мелодии. Во собата која што била споена со неговата, а чија врата била малку подотворена, можело да се слушне и да се видат двајца странци кои што водат љубов, движејќи се по ритамот на неговата музика.

Коен ја отворил книгата и почнал да ја чита една од неговите песни во ритам кој што го создавал парот, охрабрен од нивната реакција и воздивнувања кои што се слушале од нивната соба.

„Мислам дека ќе ги отпеам и снимам моите песни“, ѝ рекол тој на својата пријателка која што била со него.

„Немој, те молам“, едноставно му рекла таа.

За среќа не ја послушал, пишува магазинот „Macleans“ во 1978-та година. 




Спонзорирани линкови

Маркетинг