Краток тест на интелигенција: Обидете се да ги решите овие навидум едноставни детективски загатки

Точка

01/12/2020

11:11

2.760

Големина на фонт

а а а

Логичките загатки се одличен тренинг за мозокот. Решете ги овие загатки и проверете си го нивото на интелигенција.

Внимателно прочитајте ги прашањата и обидете се да ги решите овие загатки. Точните одговори ве чекаат на крајот од текстот.

1. Мистерија „празен подрум“

Енди се наоѓа во подрум кој што е покриен со многу земја и има само еден прозорец кој што е поставен многу високо. Во подрумот се наоѓа и една лопата, а Енди има 2 дена време да избега од подрумот. За копање на тунелот нема многу време. Што мислите, како успеал да побегне?

2. Кој го украл прстенот?

Никол отишла во полициска станица и пријавила кражба на стар прстен. Кога полицијата дошла во нејзиниот дом, забележала голем неред и дека прозорецот е скршен. На тепихот имало видливи траги, но немало никакви други знаци на провала. Следниот ден полицијата ја уапсила Никол поради измама. Зошто?

3. Отровен напиток

Марија и Ана отишле на пијалак. Го нарачале истиот, Ана била многу жедна и веднаш го испила, додека пак Марија својот го пиела поспоро. Кој пијалак бил отровен доколку ѝ се слошило само на Марија?

.

.

.

.

.

.

.

Ова се одговорите:

1. Енди со помош на лопатата успеал да натрупа многу земја под прозорецот, па така успеал да стигне до него и да побегне.

2. Штом полицијата дошла на местото на злосторот, знаеле дека Никол сама го направила тоа. Стаклото од скршениот прозорец се наоѓало од надворешната страна на куќата, што значи дека е скршено одвнатре.

3. Отровот бил во мразот, а бидејќи Ана го испила пијалакот веднаш, мразот немал време да се стопи во нејзината чаша.




Спонзорирани линкови

Маркетинг