„Rotten Tomatoes“: Ова се топ 10 најлоши филмови на сите времиња - кој од нив сте го гледале?

Точка

01/12/2020

10:25

4.719

Големина на фонт

а а а

Иако поголемиот дел од луѓето бара препораки за оние најдобрите, на страницата „Rotten Tomtoes“ може да се пронајде и листа од 100 најлоши филмови на сите времиња, според мислењето на критичарите.

На првите десет места се некои навистина незаборавни филмски остварувања. Од комедии до хорор, па се до обиди за трилер - кои од овие 10 најлошо оценети филмови сте ги гледале?

10. „The Ridiculous 6“

Откако ќе го киднапираат неговиот татко, Томи Стокбурн тргнува во мисија на спасување на Дивиот запад со петте браќа за кои што не знаел дека постојат.

9. „Jaws: The Revenge“

Елен Броди се уште живее во гратчето Амити, а нејзините синови Сен и Мајкл повеќе не работат во морскиот свет. Претходно сопругот на Елен, Мартин, починал од срцев удар кој што го предизвикал стравот од морски кучиња. Потоа приказната се развива во друг тек.

8. „The Last Days Of American Crime“

Крадец се согласува да изврши кражба пред властите во главата да му стават сигнал кој што ќе го заврши секое негово криминално однесување.

7. „National Lampoon's Gold Diggers“

Двајца лузери се венчаат со две постари сестри надевајќи се дека ќе го наследат нивното богатство и недвижнини во Беверли Хилс.

6. „Superbabies: Baby Geniuses 2“

Бебињата ги користат своите посебни вештини за да спречат медиумите да го изменат умот на децата.

5. „Pinocchio“

Римејкот на класичната приказна за куклата која што сака да стане момче...

4. „Gotti“

Филмот го следи подемот на мафијашот Џон Готи. Неговата сопруга го замолила само едно, да ги држи нивните деца подалеку од мафијашкиот свет, но Готи го прекршува ветувањето.

3. „A Thousand Words“

Еди Марфи го глуми агентот кој што завршува под клевета која што ќе го убие доколку изговори повеќе од 1.000 зборови.

2. „One Missed Call“

Студентката Бет сведочи за смртта на своите пријатели по што добива мистериозен повик. Одлучува да ја разоткрие тајната која што стои зад сето тоа.

1. „Ballistic: Ecks vs. Sever“

Двајца поранешни агенти се здружуваат во борба против заеднички непријател и потоа приказната се развива во многу правци.




Спонзорирани линкови

Маркетинг