Огромен јубилеј: Југо 45 слави 40 години

Точка

30/11/2020

21:07

1.989

Големина на фонт

а а а

Овие денови Југо 45 слави јубилеј - 28-ми ноември 1980-та година официјално започнало сериското производство на автомобилот кој обележал цела една ера на овие простори.

Автомобилот морало да биде подготвен за прославата на Денот на републиката. 

Судејќи по архивите, потребни биле дури 17 дена автомобилот да се комплетира, со оглед на тоа дека првата сериска школка била завршена на 11-ти ноември. Првиот примерок на Југо 45 бил направен рачно на 2-ри октомври 1978-ма година, за потребите на прикажување на претседателот Тито. За автомобил на годината бил прогласен во 1981-ва година, а од 1980-та до 2008-ма година составени биле вкупно 794.428 примероци на Југо.

Рекордното производство било во 1989-та година со вкупно произведени 118.237 примероци

Рекордното месечно производство било во декември 1988-ма година со направени 12.631 примероци, додека дневниот рекорд бил на 26.12.1988-ма година со произведени 539 возила.

Последниот примерок кој излегол од производната лента на крагуевска "Застава" бил "Корал Ин 1,1 Економик" со црвена боја. Тоа се случило на 11-ти ноември 2008-ма година.




Спонзорирани линкови

Маркетинг