Трамп: Не се борам за себе, се борам за 74 милиони луѓе кои гласаа за мене, Џорџија е златен рудник на измама

Точка

30/11/2020

20:52

1.733

Големина на фонт

а а а

Трамп од гувернерот на Џорџија побарал итна реакција во врска со проверките на гласачките ливчиња во таа сојузна дражва, наведувајќи дека тој тоа може лесно да го направи.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, на својот профил на Твитер објавил дека не се бори за себе, туку за милионите луѓе кои гласале за него, сугерирајќи дека не се откажува од обидот да ја докаже изборната кражба на претседателските избори на 3-ти ноември на кои, според официјалните резултати, изгубил од демократскиот кандидат Џо Бајден. 

"Не се борам за себе, се борам за 74 милиони луѓе кои гласаа за мене", напишал Трамп.

Трамп од гувернерот на Џорџија побарал итна реакција во врска со проверките на гласачките ливчиња во таа сојузна дражва, наведувајќи дека тој тоа може лесно да го направи.

"Зошто Брајан Кемп, несреќниот гувернер на Џорџија, не ги искористи своите овластувања кои ги има за итни ситуации, што лесно може да го направи, и да ги провери потписите на ковертите. Тоа би било "златен рудник" на измами и лесно би ја освоиле таа држава", додава Трамп.

Како што наведува понатаму, би требало брзо да се провери бројот на коверти и бројот на гласачки ливчиња.

"Можеби едноставно ќе откриете дека гласачки ливчиња има многу повеќе од тоа што има коверти. Толку е едноставно и лесно може да се заврши. Републиканците од Џорџија се бесни, сите републиканци се бесни. Направете го тоа", порачал Трамп.



Спонзорирани линкови

Маркетинг