Планиравте да одите на скијање? СЗО загрижена за собирите во малите места во ски-центрите

Точка

30/11/2020

20:14

1.863

Големина на фонт

а а а

СЗО избегнала да даде некакви одредени препораки за владите кои уште не донеле одлука дали да дозволат зимски туризам оваа сезона, пренесува "Reuters".

Светската здравствена организација (СЗО) денеска упатила препорака до сите земји внимателно да пристапат кон планирањето на претстојната сезона зимски одмори за да предупредат на отворените ризици од ширењето на Ковид-19 поради собирањето на поголем број луѓе во мали простории во зимските ски-центри. 

СЗО избегнала да даде некакви одредени препораки за владите кои уште не донеле одлука дали да дозволат зимски туризам оваа сезона, пренесува "Reuters".

"Апелираме до сите држави многу, многу внимателно да ги проценат ризиците од масовните собири во зимските ски центри", порачал експертот за вонредни ситуации при СЗО, Мајк Рајан.




Спонзорирани линкови

Маркетинг