Зимска торта со мандарини: Кремасто и сочно чудо од вкусови кое ќе го обожувате

Точка

30/11/2020

19:11

3.860

Големина на фонт

а а а

За љубителите на слатки и овошни десерти, оваа торта е совршена за вас!

Потребни состојки:

За кората:

- 6 јајца

- 1 прстофат сол

- 6 лажици шеќер

- 6 лажици брашно

- 1 кесичка ванилин шеќер

- изрендана кора од една мандарина

За филот:

- 500 мл. млеко

- 2 јајца

- 6 лажици шеќер

- 3 лажици густин

- 200 гр. маргарин

- 1 кесичка ванилин шеќер

- 7-8 мандарини

- 2-3 лажици шеќер за карамелизирање

- малку кокос за посипување

По желба можете да ја украсите тортата со 2 исечкани киви.


Начин на припрема:

1. Одвојте ги жолчките од белките, па во белките додајте прстофат сол и изматете со миксер.

2. Додека ги матите белките, можете да додадете и една кесичка ванилин шеќер, а постепено лажица по лажица додавајте го и кристалниот шеќер.

3. Матејќи, додавајте една по една жолчка.

4. Потоа, додајте го брашното и ренданата кора од мандарини, па сето тоа внимателно измешајте го со лажица или шпатула.

5. Смесата ставете ја во калап за торти или во тркалезна тава за печење со големина од 22 центиметри, па печете ја во претходно загреана рерна на 180 Целзиусови степени, 20-25 минути.

6. Кога кората ќе се излади, извадете ја од калапот и пресечете ја на половина.

7. Во две цели јајца додајте 6 лажици шеќер и 3 лажици густин, па сето тоа измешајте го.

8. Потоа, со мешање постепено додавајте и половина од млекото.

9. Ставете го тенџерето со филот на оган и мешајте додека не се згусне.

10. Гответе на средна температура.

11. Кога филот ќе се згусне, мешајте уште неколку минути, па тргнете го од огнот.

12. Ставете кеса или фолија врз филот, па оставете го да се излади.

13. За тоа време излупете ги мандарините, одвојте ги, па карамелизирајте ги во тавче така што ќе ги посипете со 2-3 лажици шеќер и ќе мешате додека шеќерот не се стопи и додека мандарините не се карамелизираат.

14. Во друг сад изматете маргарин кој омекнал на собна температура, со ванилин шеќер, па матејќи во маргаринот додавајте го изладениот фил лажица по лажица.

15. Изматете го кремот.

16. Корите можете да ги попрскате со млеко или сок, па да ги намачкате со фил, да наредите мандарини и одозгора повторно да ставите еден ред фил, а можете и мандарините едноставно да ги додадете во филот.

17. Ставете ја горната кора и неа премачкајте го остатокот од филот.

18. Одозгора можете да посипете малку кокосово брашно и да украсите по желба.

19. Оставете ја тортата да се излади, па уживајте во нејзиниот вкус.



Спонзорирани линкови

Маркетинг