Почина зетот на Виолета Томовска поради компликации од Ковид-19

Точка

30/11/2020

23:30

15.501

Големина на фонт

а а а

Утрово од Ковид-19 починал Зоран Росоманов, зетот на фолк-пејачката Виолета Томовска.

Тој беше сопруг на Невенка, ќерката на Томовска, позната во јавноста како девојчето за кое е напишан евергринот „Македонско девојче”.


Таа била инспирација за Јонче Христовски да ја напише песната во времето кога го славела првиот роденден, во 1967-та година.


Веста денеска се појави на социјалните мрежи, кои се преплавени од изрази на сочувство кон Невенка за нејзиниот сопруг.

По 50 години, во чест на јубилејот, Зоран пред четири години организираше сè во тајност за да ја изненади Невенка со преработката на песната и со спот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг