"Merriam Webster Dictionary" го избра новиот "збор на годината" и никој не изненаден

Точка

30/11/2020

17:46

1.566

Големина на фонт

а а а

"Merriam Webster Dictionary", кој се издава во САД, го прогласи зборот "пандемија" за збор на годината на основа на бројот на пребарувања во своето он-лајн издание.

Во соопштението се наведува дека "пандемија" е меѓу зборовите кои биле барани најмногу пати преку интернет. 

Овој збор потекнува од грчките зборови "пан" што значи "се" и "демос" што значи народ.

Неговата популарност почнала да расте во јануари, кога во САД биле регистрирани првите случаи на зараза со коронавирусот.

На денот кога Светската здравствена организација прогласила дека новата болест достигнала ниво на пандемија на 11-ти март, бројот на пребарувања за овој збор бил зголемен за 115.806 проценти.

Меѓу останатите кандидати за збор на годината биле и "коронавирус", "карантин" и "асимптоматичен".

Речникот "Collins" на англиски јазик во октомври го прогласил зборот "Lockdown" за збор на годината.




Спонзорирани линкови

Маркетинг