Ја напуштаат ЕУ, сериозна порака од Италија: "Италегзит" почнува за помалку од две години?

Точка

30/11/2020

17:45

5.255

Големина на фонт

а а а

Партијата "Италегзит" за медиумите рекла дека планира да ја извлече Италија од Европската унија во наредниот изборен циклус и дека веќе ја зацртала политичката рута за тој процес.

Партијата е основана во јули од страна на сенаторот Џанлуиџи Парагоне, инспириран од британското движење "Брегзит", предводено од Најџел Фараж. 

Портпаролот на партијата, Серџо Монтанаро, ја објавил целта за започнување на сопствениот процес на "Италегзит", за "помалку" од две години во текот на интервјуто за "Daily Expres" во неделата.

Италијанците, исто како и Британците, сакаат да излезат од ЕУ.

"Тоа е затоа што веруваме дека носиме порака за национален идентитет", додал Монтанаро.

Монтанаро исто така го објаснил наизглед амбициозниот "двегодишен план" на партијата, велејќи дека целта им е да го наполнат италијанското законодавство со луѓе кои сакаат Италија да ја напушти ЕУ. Се претпоставува дека општите избори во земјата во 2023-та година биле моментот на вистината за "Италегзит".

Ако движењето успее во таа идеја, следната фаза на планот би била "многу едноставна", вели Монтанаро.

"Ако сме ние владејачка партија, прво што ќе направиме е отворање на членот 50 од Лисабонскиот договор", објаснил тој, повикувајќи се на правната клаузула која им овозможува на државите да излезат од ЕУ.




Спонзорирани линкови

Маркетинг