Донарума ја смени плочата и се огласи за својата иднина: Мојата желба е…

Дерби

30/11/2020

16:20

1.934

Големина на фонт

а а а

Голманот на Милан, Џанлуиџи Донарума даде коментар за својата иднина која во моментов е крајно неизвесна.

Договорот на 21 годишниот голман завршува по крајот на оваа сезона и веќе во јануари ќе може да преговара со заинтересирани клубови за да ја промени средината следното лето како слободен агент.

Сепак, како што изјави самиот Донарума, негова желба е тој да остане во Милан и заедно со неговиот агент, Мино Раиола ќе чекаат понуда од Милан за продлжување на соработката.

– Мојот агент ќе зборува со клубот, нема проблем околу тоа. Сакам да останам во Милан долг период, но ќе видиме што ќе одлучи клубот. Сакам да продолжам во вакво темпо колку што е можно подолго, - изјави Донарума за „ДАЗН“.

Интересно е тоа што Донарума пред неколку години притискаше за заминување од редовите на Милан кога го навлече гневот на фановите, но сега по неколку успешни сезони меѓу „росонерите“ голманот го промени мислењето и сака да остане што подолго во клубот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг