Хименез заработи фрактура на черепот, доцна синоќа итно опериран

Дерби

30/11/2020

16:17

2.202

Големина на фонт

а а а

Натпреварот помеѓу Арсенал и Вулверхемптон го обележа и еден инцидент од самиот старт на средбата кога во судир меѓу Давид Луиз и Раул Хименез опасно настрада напаѓачот на Вулверхемптон.

Луиз и Хименез се удрија глава со глава при еден корнер, а мексиканскиот фудбалер изгуби свест и како покосен падна на теренот.

На помош веднаш стигнаа медицинските екипи од двата тима, по што Хименез набрзо беше испратен во болница каде му беше дијагностицирана фрактура на черепот.

Поради сериозноста на повредата фудбалерот веднаш замина под нож и доцна синоќа врз него се извршуваше тешка операција.

Од Вулверхемптон потврдија дека операцијата поминала во најдобар ред и дека Хименез се чувствува добро, што е одлична вест по страотниот судир кој им ја замрзна крвта во вените на многу вљубеници на фудбалот во Англија.

– Тој се виде со неговата парнтерка Даниела и сега се одмара. Ќе остане да биде надгледуван во болница во следните неколку денови. Им се заблагодаруваме на медицинските лица од Арсенал, докторите и персоналот во болницата и хирургот кој доста помогна во оваа ситуација. Клубот, Раул и неговото семејство сега бараат период од приватност пред да бидат пренесени нови вести за неговата состојба, -стои во дел од соопштението на Вулверхемптон.



Спонзорирани линкови

Маркетинг