Кавани си направи големи проблеми и сега го очекува казна од ФА

Дерби

30/11/2020

16:15

3.218

Големина на фонт

а а а

Единсон Кавани го одигра најдобриот натпревар откако е член на Манчестер Јунајтед откако му помогна на својот тим да стигне до важна победа на гостувањето на „Сент Мери“ против Саутемптон со 3:2.

Кавани постигна два погодоци и беше асистент на голот на Бруно Фернандеш и сосема заслужено ја понесе наградата за играч на натпреварот.

По крајот на средбата, Кавани добиваше честитки од своите блиски кои потоа ги споделуваше на својот Инстаграм профил, а една од тие честитки може да биде кобна за него затоа што играчот може да заработи голема казна од страна на ФА.

Имено, Кавани сподели една честитка од негов пријател при што како одговор напиша „Ти благодарам црнче“ со што ги прекрши правилата поставени од ФА за расистички навреди.

Откако дозна што направи Кавани веднаш ја отстрани својата објава, но веќе беше доцна, па од ФА сега ќе покренат истрага по која речиси сигурно ќе му врачат казна на уругвајскиот фудбалер.




Спонзорирани линкови

Маркетинг