„Челичниот Мајк“ по натпреварот со Рој Џонс: „Пушев марихуана пред борбата. Тоа сум јас“

Точка

30/11/2020

16:17

2.836

Големина на фонт

а а а

Легендарниот американски боксер Мајк Тајсон по петнаесет години се врати во рингот.

Тој во ревијалната борба против исто така поранешниот шампион Рој Џонс Џуниор ги покажа своите способности.

Љубителите на боксот можеа да уживаат во спектакуларната борба на двајцата поранешни шампиони која што на крајот заврши со реми, по осум двеминутни рунди.


Сепак, Тајсон остави поголем впечаток од Џонсон, беше поагресивен, имаше поголема иницијатива, упати неколку моќни удари, но судиите одлучија дека борбата треба да заврши без победник.

Тоа го разбесни Мајк, еден од најдобрите боксери на сите времиња борбата ја заврши лут затоа што сепак „не ја заврши борбата“. Тој удираше и по гонгот кој што означи крај и бараше реванш.

По сето тоа Тајсон дал малку „шокантна“ изјава признавајќи дека пушел марихуана непосредно пред натпреварот.

„Секако дека пушев пред борбата. Јас не можам да престанам да го правам тоа. Пушев за време на своите натпревари. Морам да пушам, жал ми е, но пушам и тоа го правам речиси секој ден. Никој не загрозувам со тоа дело“, изјавил Тајсон, па продолжил:


„Тоа сум јас. Тоа не влијае негативно на мене. Тоа е тоа што сакам да го правам, немам никакви други објаснувања. Тоа нема да заврши“.

Инаку, Тајсон најавил дека ова не е крајот и дека набрзо повторно ќе боксува.




Спонзорирани линкови

Маркетинг