Брутално обраќање на Виктор Орбан: Германија и ЕУ ни даваат четири милијарди евра, а ни земаат шест

Точка

30/11/2020

15:41

12.774

Големина на фонт

а а а

Премиерот на Унгарија рекол дека најголемата лага на Шулц била околу распределбата на парите од Европската унија.

Премиерот на Унгарија Виктор Орбан изјавил дека побогатите земји од ЕУ, со Германија на чело, под разни изговори годишно земаат околу шест милијарди евра од Унгарија, додека Унгарија од ЕУ зема четири милијарди евра од буџетот. 

Орбан му одговорил на Мартин Шулц, поранешниот шеф на германската Социјалдемократска партија и претседател на Европскиот парламент во периодот помеѓу 2012-та и 2017-та година, кој, како што навел унгарскиот премиер, со години ја напаѓал Унгарија бидејќи ги бранела своите граници и не прифаќала мигранти.

Како што пренела агенцијата "MTI", Шулц во интервју за "DeutschlandFunk" ја обвинил унгарската влада за репресијата над медиумите, антисемитизам и профитерство.

Орбан по тој повод истакнал дека новинарите во Унгарија имаат повеќе слобода од нивните колеги во Германија.

Што се однесува до обвиненијата за антисемитизам, Орбан одговорил дека "отворениот антисемитизам и вознемирување на Евреите и натаму се случуваат во Германија, и дека тоа е незамисливо да се случи во Унгарија".

Премиерот на Унгарија рекол и дека најголемата лага на Шулц била околу распределбата на парите на Европската унија, пренесува "Tanjug".

"Шулц и многу Германци се преправаа дека даваат пари на сиромашните и дека поради тоа се во дефицит. Всушност, тие имаат најмногу корист од европскиот единствен пазар. Даваат пари од својот профит на други членки преку буџетот на ЕУ, а многу од тие пари повторно завршуваат во нивните раце. Лицемерно е да се очекува од нас да бидеме благодарни на тоа", порачал Орбан.

Орбан додал и дека ситуацијата е многу јасна.

"Членството на Унгарија во ЕУ не ја чини Германија ни цент, таа профитира од нас", нагласил Орбан.




Спонзорирани линкови

Маркетинг