Отворена линија за донации за фудбалерот Ѓорге Џонов

Макфакс

30/11/2020

13:44

1.019

Големина на фонт

а а а

Семејството и пријателите на 29-годишниот Ѓорге Џонов од Валандово бараат помош за негово лекување и престој во Турција која чини 100.000 евра, сума која за нив е недостижна, за како што велат, „за неговиот најважен натпревар во животот“.

Џонов е фудбалер, а неодамна му беше дијагностициран канцер на белите дробови.

За неговото лекување може да се помогне директно на жиро-сметка, или пак преку донациските броеви 143 460 (А1) или 143 113 (Телеком).

Се моли секој кој може да помогне во лекувањето на младото момче во неговата битка со болеста.



Спонзорирани линкови

Маркетинг