Емотивно видео на „Ла Бомбонера“: Играчите на Бока голот го посветија на Марадона пред очите на неговата ќерка

Дерби

30/11/2020

12:55

1.697

Големина на фонт

а а а

Екипата на Бока Јуниорс вчера го одигра својот прв натпревар по веста за трагичната смрт на нивниот поранешен фудбалер и голем навивач, легендарниот Диего Армандо Марадона.

Судбината сакаше Бока да игра против уште еден поранешен тим на Марадона, Њуелс Олд Бојс, а на крајот резултатот заврши во корист на домашниот тим кој славеше со 2:0.

Двата погодоци за Бока Јуниорс ги постигна Едвин Кардона, а по постигнувањето на првиот погодок се случи и најемотивниот момент на „Ла Бомбонера“.

Имено, играчите истрчаа кај единствените навивачи кои беа присутни на оваа средба, а тоа беа ќерката на Диего Марадона, Далма, која седеше на местото од каде нејзиниот татко ги проследуваше натпреварите на Бока. Заедно со неа во придружба беше уште едно лице, сопругот на ќерката на Марадона.

Штом Кардона погоди, целиот тим на Бока се упати кај Далма, го спушти дресот со кој Марадона ги „тероризираше“ противничките одбрани и аплаудираше долго време. Далма не можеше да ги сокрие солзите по ваквиот емотивен потег на играчите, а видеото од прославата на погодокот брзо стана вирален хит.

Инаку, сите играчи на Бока Јуниорс на своите дресови наместо своите презимиња го носеа презимето на големиот Диего Армандо Марадона.



Спонзорирани линкови

Маркетинг