Херојот Кавани имаше проблеми со копачките, легендарниот Кин не можеше да поверува што гледа

Дерби

30/11/2020

12:53

1.983

Големина на фонт

а а а

Единсон Кавани уште еднаш ја покажа својата светска класа и со своите два гола се претвори во херој за Манчестер Јунајтед, тим кој делуваше загубено во првото полувреме на „Ст. Мери“ кај Саутемптон, за потоа комплетно да се рехабилитира и да направи чудесен пресврт со гол на „Ел Матадор“ за 2:3 во судиското продолжение.

Бруно Фернандеш намали на 1:2 по еден час игра, а потоа на сцена стапи искусниот Уругваец кој постигна два гола со глава за комплетен пресврт, со тоа што оној вториот го реализираше во 92-та минута за ерупција од радост.

Кавани доби пофалби од сите страни за своите завршници, а иако во истите се приклучи и легендарниот Рој Кин, сепак неверојатниот Ирец не можеше да поверува дека Единсон не беше подготвен за влегување во игра на стартот на вториот дел кога имаше проблеми со копачките.

– Беше очигледно дека е бавен со влегувањето на теренот. Добра работа е што стрелаше, бидејќи зачудувачки е колку не е подготвен да влезе на теренот.

– На крајот, не му беа ниту потребни копачките бидејќи постигна два гола со глава. Имаше одлично влијание кога влезе на теренот, тој се уште го има препознатливиот квалитет, гладта и желбата за игра, – изјави Кин.



Спонзорирани линкови

Маркетинг