Италијанска тајна: Само тројца луѓе на светот знаат да го направат овој вид тестенини, дури и Џејми Оливер еднаш се откажал од нивната подготовка

Точка

30/11/2020

12:45

3.788

Големина на фонт

а а а

Нивната подготовка е толку многу тешка и долготрајна што веќе 300 години само жените од едно италијанско семејство знаат да ги подготват. Сè се сведува на „играта со раце“, а доколку успеете да го постигнете тоа што треба ќе ви се случи магија.

Далеку од азурното сино море и на карпестото крајбрежје, Сардинија е дом на најстарите традиции во светот, особено оние гурманските.

Жителите на тоа место сè уште зборуваат најблиска жива форма на латинскиот јазик.

62-годишната Паола Абраини е жената која што секое утро се буди во седум часот за да започне да прави „Su filindeu“, најреткиот вид тестенини на светот. Колку нејзиниот рецепт е таен зборува и фактот што знаат да го применат само уште две жени на планетата - нејзината снаа и внука.


Никој не се сеќава зошто всушност жените почнале да ги подготвуваат таквиот вид тестенини, но повеќе од 300 години рецептот се пренесува од жена на жена во тоа семејство, а секоја има обврска строго да ја чува неговата тајна.

Ова лето нив ги посетил и Џејми Оливер за да научи да ги прави, но по два часа подготовка се откажал велејќи: „Правам тестенини веќе 20 години, но никогаш не сум видел нешто слично на ова“.


„Само три состојки се потребни, тврда пченица, вода и сол“, вели Абраини додека силно го гмeчела тестото, напред-назад. Но, бидејќи сè треба да се прави рачно, најважна „состојка“ сепак е физичкиот напор.

Погледнете како се прави тоа:




Спонзорирани линкови

Маркетинг