Како што знаеме, пандемијата на коронавирусот предизвика вистински хаос во целиот свет.
Па, така дури и водечките светски економии се здобија со силен удар, а тоа го докажува порастот на тамошните цени. Новите извештаи кои што се занимавале токму со тоа прашање, откриле дека Цирих и Париз се најскапите градови на светот во доба на пандемија, преминувајќи ги дури и Сингапур и Осака.
Според извештајот, Цирих и Париз стигнале на врвот на самата листа поради зголемување на вредноста на швајцарскиот франк како и еврото.
Упасана Дут, водачот на „Worldwide Cost of Living“ изјавила: „Пандемијата на коронавирусот направи американскиот долар да ја намали својата вредност, додека пак западно-европските и северно-азиските валути ја зголемија својата вредност, што доведе до промена во цените и услугите. Азиските градови традиционално доминираа во ова рангирање во последните неколку години, но пандемијата го промени целиот свет“.
За да дојдат до податоците кои што им биле потребни, истражувачите кои што работеле на создавањето на оваа листа споредиле цени од 138 артикли во 130 градови.
1. Цирих
2. Париз
3. Хонгконг
4. Сингапур
5. Тел Авив
6. Осака
7. Женева
8. Њујорк
9. Копенхаген
10. Лос Анџелес