Како што се движат трендовите во сферата на професии и вештини во последните неколку години, дополнително забрзани од пандемијата која што го зафати светот, неколку работи денес се јасни. Иднината е во дигиталните професии!
Доколку се земе предвид целата ситуација во светот може да се сфати дека во најголемата криза каде цели економии се на работ на колапс, бизнисите и вработените од ИТ светот скоро и да останаа недопрени. Едноставно, we all went online! Овие случувања одат комплетно во паралела со новите трендови во образованието што се забележуваат во светот, а тоа e посетување на неформално образование односно обуки, курсеви и академии со цел професионално надградување.
Rework е нов едукативен центар кој се отвори во Скопје кој е посветен на едукација и стекнување на дигитални вештини преку кратки и долги курсеви. Се наоѓа во центарот на градот и располага со комплетна опрема за одржување на настава во неколку простории, но и софтверски решенија за онлајн предавања, прилагодени за моменталните специфични услови во кои функционираме. Визијата на Rework е да биде место каде секој може да дојде да се надгради и да стекне вештини во разни полиња преку интензивни, интерактивни и специјализирани обуки и курсеви. Исто така, оваа млада и иновативна компанија работи на создавање на дигитална заедница која ќе биде тука за сите. Таа заедница би имала за цел да биде јадро на размена на идеи, совети, трендови, отворени позиции, искуства и знаење модерирана од експерти а отворена за сите.
Предавачите се долгогодишни експрети во својата сфера кои работеле и работат за етаблирани домашни и странски компании. Нивното долгогодишно искуство го пренесуваат на студентите преку интерактивна настава, теорија и задачи базирани на реални клиенти.
Во овој момент во Rework може да се пријавите на активните курсеви за:
3Д дизајн,
Односи со Јавност,
Графички дизајн,
Платено рекламирање на социјални медиуми и
Внатрешен дизајн.
Во јануари започнуваат и курсeвите за:
Google Рекламирање,
UX/UI дизајн,
Контент Маркетинг- Пишување содржини,
Фотошоп и
InDesign
Оние што се заинтересирани за академии, ќе може да се запишат на:
Академија за 3D - Game Дизан,
Академија за графички дизајн,
Академија за Дигитален Маркетинг, и др.
Повеќе информации за Rework и курсевите кои ги нуди може да погледнете на https://rework.mk/courses.
Комерцијален текст