Руски научник: „Вирусот ќе остане, но пандемијата ќе исчезне. Сигурен сум дека тоа ќе биде во 2021-та година“

Точка

30/11/2020

09:23

6.081

Големина на фонт

а а а

„Коронавирусот ќе остане, но пандемијата Ковид-19 ќе заврши наредната година“, изјавил генералниот директор на рускиот Државен научен центар „Вектор“, доктор по биолошки науки Ринат Максјутов.

„Вирусот ќе остане, но самата пандемија на коронавирусот ќе исчезне. Сигурен сум дека тоа ќе биде во 2021-та година“, изјавил Максјутов.

Тој исто така прецизирал дека пандемијата, кога секојдневно се зголемува бројот на новозаразени лица, ќе заврши штом се создаде колективен имунитет. За тоа е потребно да се вакцинира околу половина од популацијата.


Светската здравствена организација на 11-ти март ја прогласи епидемијата на Ковид-19 за пандемија.

Според последните податоци, во светот денеска заразени се над 62.8 милиони луѓе, од кои над 1.4 милиони луѓе починаа. Моментално во светот има над 17.9 милиони активни случаи од Ковид-19.




Спонзорирани линкови

Маркетинг