Мајка од Сингапур родила бебе со антитела од ковид: Научниците добиле нови докази дека трудниците можат да го пренесат вирусот на фетусот?

Точка

29/11/2020

17:15

2.174

Големина на фонт

а а а

Во Сингапур мајка која била заразена од коронавирус за време на бременоста во март, родила бебе кое имало антитела, а тоа на научниците им дало нови докази за тоа дека Ковид-19 може да се пренесе од мајката на плодот.

Бебето, кое е родено овој месец, нема Ковид-19, но има антитела, пренесува „Тв Ал Џарзир“, повикувајќи се на „Стрејтс тајмс“, кои ги пренеле зборовите на мајката.

„Мојот доктор претпоставува дека сум му ги пренела своите антитела на бебето за време на бременоста“, рекла Селин Нг-Чан.

Таа имала лесна форма на инфекцијата и поминала две недели во болница поради превенција.


СЗО и понатаму не знае дали трудниците можат да ја пренесат заразата на фетусот за време на бременоста или породувањето, меѓутоа, овој случај покажал дека тоа е можно.

До денес, вирусот не е пронајден во течностите околу бебето во матката или во мајчиното млеко.

Преносот на вирусот од мајка на новороденче е реткост, соопштиле лекарите од универзитетот Њујорк-Пресбитеријан и Колумбија во октомври. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг