Возило излета од патот во Богданци, петмина повредени

Макфакс

29/11/2020

14:18

926

Големина на фонт

а а а

Вчера околу 04.00 часот на ул.„Маршал Тито“ во Богданци, патничко возило „бмв“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од В.С.(20) од Богданци, излетало од патот.

Во незгодата возачот В.С. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје, каде починал. Сопатниците во возилото Р.К.(19), Ѓ.Ш.(21), Д.Д.(21) и Н.Ш.(20) од Богданци, се здобиле со телесни повреди. Увид на местото извршила екипа од СВР Струмица.  



Спонзорирани линкови

Маркетинг