Познатиот рапер во затвор: Ветил милион долари ако Трамп го помилува

Точка

28/11/2020

18:46

3.425

Големина на фонт

а а а

Американскиот рапер Кодак Блек не е баш во завидна ситуација. Неколкупати го прекршувал законот, но сега сака да пронајде брзо решение за најитниот случај.

Имено, против него е поднесено федерално обвинение за носење оружје, за кое моментално е во затвор, сè додека не се донесе конечна казна (од 2 до 7 години).

Инаку, веќе неколку години има различни проблеми со законот, вклучувајќи и видео снимка на која се гледа како држи марихуана и пиштол во присуство на дете.


Тој е затворен од јуни оваа година, а во октомври е преместен во затвор со помало ниво на обезбедување. Затворската казна ја служи под името Бик К. Капри.

На својот Твитер профил, раперот му се обратил на претседателот на САД, Доналд Трамп, кој наскоро ќе си замине од таа функција.

Кодак Блек се надева дека Трамп ќе го помилува, па напишал и дека, доколку се случи тоа, ќе донира милион долари во хуманитарни цели.

Инаку, од друга страна, на Доналд Трамп добро му се познати помилувањата, откако симболично ги помилувал Сузан Б. Ентони и Џек Џонсон, но и некои негови блиски соработници, како Роџер Стоун и Мајкл Флин. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг