Возбудливо откритие: Пронајден редок скелет на Тајланд

Точка

27/11/2020

16:50

4.040

Големина на фонт

а а а

На Тајланд е пронајден речиси совршено сочуван скелет од кит, а се проценува дека е стар помеѓу 3.000 и 5.000 години.

Како што пренесува „BBC“, должината на овој скелет е 12 метри, а научниците се возбудени бидејќи би можел да нѝ пружи совршен увид во минатото, особено во историјата на океаните и биодиверзитетот.


Сами по себе, делумно фосилизираните коски не се чести откритија, а досега се откриени повеќе од 80% скелети, вклучително и пршлени, ребра, како и перки.


Процесот на проучување на точната старост на коските допрва ќе започне, а резултатите треба да ги видиме во декември. Патем, Тајландскиот Залив е интересен за истражувачите особено затоа што за претходните 10.000 години, нивото на морето веројатно опаднало за цели 4 метри.




Спонзорирани линкови

Маркетинг